Imigi Post It Screen

IPI Screen

Works from USB

How to start .  Click on note icon and you get new note !

Save it and do it again and again, as many years you like.

 

Imigi Post It

Everyday notes creator
Организатор на белешки

       Imigi

Download Imigi Post It Free v.



Една стара изрека кажува : Паметниот запишува.

ИПИ овозможува правењето белешки да биде лесно и ефикасно. ИПИ е правен онака како што јас го замислувам , а го немаат другите програми за белешки кои можете да ги симнете од интернет. Затоа и го користам секој ден .

Корисноста на ИПИ зависи од тоа колку Ви е комплексен работниот ден. За некои тој нема да биде од голема корист, а за некои тој ќе биде право олеснување во организирањето на истиот тој ден. Односно ако сте на пример секретар во некоја фирма и треба сите дневни податоци да ги забележите на едноставен начин и на едно место, а повремено да се потсетите што било пред 3 месеци со некој настан тогаш ИПИ ќе биде Вашиот најголем пријател.

Истото се однесува и ако сте на пример директор,шеф на сметководство, менаџер но и било кои работни места кои работат со луѓе и настани . Тие занимања имаат секојдневно бројни настани кои е најдобро да се запишат и обично се релевантни и после неколку месеци или години. Доколку направите добра белешка со ИПИ лесно ќе ги погледнете фактите и ќе бидете на свое. Не еднаш сум бил изненаден од некоја белешка која се однесува на некој настан од пред неколку месеци или дури и години и таа белешка ми го повратила сеќавањето на тој настан кој веќе сум го заборавил а сега и точните факти се пред мене . Меѓутоа ИПИ може на секого да му биде користен .Меморијата во главно не е идеална и ретки се луѓето со добра меморија, иако ги има, па и тие забораваат.

Она по што ИПИ е посебен е тоа што има Теми. Односно белешките за Мира и за Вера не треба да бидат на едно место. Кога ќе отворам Тема Мира и ќе кликнам на Мира белешката која ќе ја запишам во тој момент ќе биде запишано во темата Мира, а за Вера исто така ќе кликнам на Вера. Тоа драстично ја подобрува кориснота од ИПИ и е опција која не сум ја сретнал во програмите кои може да се симнат од интернет. Пребарувањето е исто така од голема корист.

 

 

Make a Free Website with Yola.